Актуелниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши е во фокусот на јавноста, откако албанската телевизија Ора њуз објави дека престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање чини 20 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од неговиот Кабинет информираа дека патувањето било есента 2020 година, кога не бил на оваа функција, дека било за приватни цели и дека престојот во хотелот го платил некој дру.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Буши?
Роден е во декември 1967 година.
Во периодот од 1982 до 1984 година завршил средно образование во гимназијата “Зеф Луш Марку” во Скопје.
Во периодот од 1984 до 1986 година завршил воено школо во “Рајловац” во Сараево.
Во 1987 година завршил Воена академија во Задар во Хрватска.
Во 2004 година дипломирал на Педагошкиот факултет во Скопје.
Од 2009 до 2011 година бил на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“
при Универзитет “Кирил и Методиј” – Скопје.
Тој е Магистер по медиуми и комуникации.
Татко е на три деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работно искуство
Од 1987 до 1991 година работел на воениот аеродром на ЈНА.
Од 1992 до 2001 година работел на воениот аеродром Петровец во Скопје.
Од 2002 до 2006 година работел во Републички судски совет за безбедност во сообраќајот при МВР.
Од 2002 до 2004 бил член на Управниот одбор во ПИОМ.
Од 2004 до 2006 година бил заменик директор на Агенцијата за спасување и заштита во Влада.
Бил и потпретседател на Управниот одбор на Гинеколошката болница во Чаир – Скопје.
Од 2009 до денеска е надворешен советник на градоначалникот иа Чаир, стои во неговата биографија, објавена веб страната на МВР.
Од 2010 до 2017 година бил потпретседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, каде Владата е акционер.
Во 2017 година бил главен оперативен извршен директор на Македонски Телеком.
Од 2018 до денеска е претседател на Одбор на директори на Македонски Телеком, стои во неговата биографија.
Прочитајте и колкави се неговите примања во Македонски Телеком:
Колкави плати лани во Македонски Телеком имале Зоран Китанов, Садула Дураки, Нина Ангеловска…
Неговата нето плата во МВР пак е 79.798 денари, стои во неговата биографија.
Фото: МВР