еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Во Скопје повторно активирани мерките поради загадување на воздухот, во Тетово укинати

Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) информира дека е надминат прагот на алармирање поради загадениот воздух на мерните места во Центар и Лисиче.

-Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Центар и Лисиче, се наведува во денешното соопштение од МЖСПП.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините и до Град Скопје.

-Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Град Скопје стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информираат од МЖСПП.

Во Тетово концентрациите на РМ10 честички под дефинираниот праг на алармирање

Среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички во Тетово се под дефинираниот праг на алармирање. Од МЖСПП денеска информираа дека прекинуваат да важат препораките и мерките за аерозагадувањето.

-Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 28.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички во Тетово се под  дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Тетово и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението од МЖСПП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски: Амонијакот во Пирот труеше неколку часови, воздухот во Скопје труе со недели

Како делува на здравјето загадувањето на воздухот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија претставува „директна закана“ за безбедноста на земјите на НАТО, вели Столтенберг

Редакција

Каракачанов со закани: Бугарија не е против, но смета дека не е време за меѓувладина конференција

Редакција

Прекини на услугите на Македонски Телеком поради оштетени кабли при градежни работи

Редакција