еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Расчистен воздухот во Скопје, препораки за празничните денови

Во моментов нема пречекорување на прагот на алармирање во Скопје, но можно е следните денови да има зголемени концентрации на РМ10, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

– Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на 26 декември, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, известуваат од МЖСПП.

Меѓутоа, имајќи ја предвид стабилната временска состојба, согласно временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи и фактот дека има надминување на праговите на информирање на РМ10 за Скопје, од МЖСПП предупредуваат дека е можно во следните денови да има зголемени концентрации на РМ10.

Од тој аспект Министерството за животна средина и просторно планирање препорачува: возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да се користи јавниот превоз, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва.

Дополнително, препорака на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Македонија е најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма) да го ограничат движења и активности на отворен простор во загадените зони на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како делува на здравјето загадувањето на воздухот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Акции со најголем пораст и пад на вредноста на Македонската берза

Редакција

Матичен лекар од Боговиње на 41-годишна возраст ја загуби битката со Ковид-19

Редакција

Од полноќ пониски малопродажните цени на нафтените деривати

Редакција