еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажни дојави за бомби во девет училишта во Скопје

По направените потребни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека се лажни дојавите за поставени експлозивни направи во девет училишта во Скопје што биле испратени попладнето на нивните електронски адреси.

-Во врска со денешните пријави од девет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир руши рекорди, само Штип има повеќе активни случаи на корона вирусот

Редакција

Нови 67 случаи на Ковид-19 од 1.169 тестирања

Редакција

По последните случувања во Сирија: Будно се следи состојбата на границите поради можен нов бран бегалци

Редакција