еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Жена се фрлила во Вардар, потрагата во тек

Регионалниот ЦУК Велес, од завчера после полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар, информираа вчера од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-На лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од тројца пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од СВР Велес.

ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со СВР Велес и ТППЕ Велес има добиено информации дека телото се уште не е пронајдено.

Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК), велат од ЦУК.

Вчера од утрото потрагата продолжила, при што се вклучиле шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес. Се пребарувал теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар.

-Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар се уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата, велат од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британска лекарка плачеше додека читаше порака од палестински колега, видео кое го обиколи светот

Редакција

Филип Николовски ќе биде заменик министер за финансии

Редакција

Беќаровски бара помош за пребројување на граѓаните кои го прележале Ковид-19

Редакција