еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата лани 14,2%

Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14,2%, а цените на мало од 12,6%, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0,2, а цените на мало се зголемиле за 0,7%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година, беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 20,9%, Транспорт за 19,5%, Ресторани и хотели за 15,5%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 13,3%, Разновидни стоки и услуги за 8,9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 8,6%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7,5%, Рекреација и култура за 4,9%, Здравје за 4%, Облека и обувки за 1,8%, Комуникации за 0,4% и Образование за 0,3%.

Движењето на индексот на цените на мало во 2022 година, исто така, беше различно кај одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 20,1%, Земјоделски производи за 16%, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14,2%, Пијалаци и Услуги за 8,3%.

Индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18,7%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15,1%.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жената која падна од тераса на 8. март во Охрид била турната, кривична за двајца за обид за убиство и помагање

Редакција

(Видео) Се изгасна светлото во последната независна телевизија во Русија, „Дожд“, вработените се одјавија со „Лебедово езеро“

Редакција

„Не вршиме напади врз цивили“: Курдската партија негира вмешаност во бомбашкиот напад во Истанбул

Редакција