еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонија со трет пораз на Светското првенство во ракомет, изгуби и од Аргентина

Македонската ракометна репрезентација без ниту еден освоен бод го заврши учеството во Ф-групата на Светското првенство 2023. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Краков загубија од Аргентина со 26:35.

Ова беше натпревар кој директно одлучуваше која ќе биде третата репрезентација од Ф-групата која ќе продолжи во Главната групна фаза.

И покрај најавите дека „црвено-жолтите” по двата убедливи пораза имаат сили за позитивен резултат, на теренот ништо поразлично од средбите со Норвешка и Холандија, а и резултатот на полувреме беше идентичен 11:18.

Аргентина во второто полувреме без проблем ја одржуваше високата предност и го приведе резултатот кон сигурна победа.

Филип Талески со пет, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со по четири погодоци беа најефикасни во македонскиот тим, Диего Симонет со осум гола се истакна кај победниците.

Нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 25 – 32. место во т.н. Пезидент куп.

МИА/Фото: Ракометна репрезентација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник

Редакција

Бучковски: Ако го прифатиме новиот предлог на Бугарија за работните групи, ќе покажеме дека имаме направено сериозни подготовки

Редакција

Граѓанските здруженија бараат од Заев и Пендаровски армијата и полицијата да се вклучат во борбата против загадувањето

Редакција