Алијанса за Албанците (АА) ги избра членовите на раководните тела на на денешното, тековно централно собрание што се одржува во Куманово, но одлука за влез во Владата сè уште не е донесена, соопшти претседателот на АА, Арбен Таравари.
За претседател на централното собрание е избран бившиот лидер на Алијасна, Зијадин Села, за генерален секретар Кренар Лога, а за организациски секретар Исен Шабани.
Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот, наредната недела.
За потпретседатели се избрани Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.
Претседателот на АА, Таравари рече дека на состанокот ќе се разгледаат одредени правилници за функционирање на централното собрание, на ограноците и на подограноците.
МИА/Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.