еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во ноември 33.011 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113,3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18,7%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,5%) и административни и помошни услужни дејности (17,3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,5%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,5%) и уметност, забава и рекреација (3,1%).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„БИМ“ АД Свети Николе ја зголеми добивката

Редакција

Иван Туџаров продаде акции од „Реплек“ за 33.000 евра

Редакција

Нова листа должници на УЈП: Јавни претпријатија и општини должат милиони за неплатен данок

Редакција