еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 % во однос на одлуката од 20.1.2023 година.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 не се менува.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и сега ќе изнесува 41,042 ден/кг.

Од 24.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС – 95 83 денари/литар, моторен бензин Еуросупер БС – 98 85 денари/литар, дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 84 денари/литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 денари/литар, Мазут М-1 НС 41,042 денари/килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,230%, кај дизелот за 0,888%, кај екстра лесното масло за 0,799% и кај мазутот за 0,848%, велат од РКЕ. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,102%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фонд од Холандија сака да го купи мнозинскиот удел на клиниката „Жан Митрев„

Редакција

(Видео) Сали Бериша доби бокс во лице на протест, обвини дека напаѓачот е инфилтриран полициски агент

Редакција

(Видео) Руски проектил погоди станбена зграда во Киев

Редакција