еМагазин
Image default
Македонија

Заев најави дека наскоро ќе биде поставен бројчаникот на Порта Македонија за украдените пари

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека наскоро ќе биде поставен бројчаникот на Порта Македонија во Скопје, кој треба да покажува колку од украдените пари ќе се вратат во буџетот.

– Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските истраги ќе ги инкасираат вратените пари што биле земени од буџетот, како надомест на штета, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Тоа, како што истакна премиерот, е ветување што го дал додека беше во опозиција, барајќи ја поддршката од граѓаните.

– Ова ветување ќе биде исполнето овие денови, секако доколку се завршат правните формални апсекти. Во буџетот на Владата нема пари за тоа и бројчаникот приватно ќе го платам од мои пари. Тоа значи дека по завршувањето на функцијата ќе биде дониран на Министерството за култура и институцијата која е сопственик на Триумфалната порта каде ќе остане трајно добро. Откако ќе се вратат сите украдени пари најверојатно бројчаникот ќе покажува температура, географска ширина и должина на Скопје и слично. Тоа е намерата во делот на постапката за реализација на ова мое ветување, рече премиерот Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 5.467: Починаа петмина од Ковид-19

Редакција

Секојдневни случаи на семејно насилство: Битолчанка со закани од поранешниот сопруг дека ќе ја убие, додека шетала со малолетните деца

Редакција

Притвор за Габриел Бајрам, со боксови натепал вработен во ресторан бидејќи не му дозволил да крши чинии во објектот

Редакција