еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски не гледа ниту една основа за ново бугарско вето

Претседателот Стево Пендаровски денеска на прес-конференцијата по седницата на Советот за безбедност, зборувајќи за состојбата со добрососедските односи со Бугарија, истакна дека не гледа ниту една основа за ново вето од Софија.

„Не можам да знам што ќе направи бугарската страна. Секоја држава суверено, автономно ги носи своите одлуки. Иако да бидам искрен, не гледам ниту една основа за ново вето. Значи не можам да знам. Мислам дека нема.

Се надевам дека нема да одат во таа насока, бидејќи повторувам ова што го зборувам го знаете сите. Знаете дека станува збор за провокатори кои тоа го прават,“ нагласи претседателот одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали е можно ново бугарско вето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

Забрана за влез на Ангел Џамбаски и други бугарски граѓани, предложи Пендаровски до Владата

Пендаровски со апел до Бугарија: Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажан карневалот во Струмица поради корона вирусот

Редакција

Дизелот поевтинува, бензинот Еуросупер БС-98 поскапува

Редакција

Вработен во градинка во Тетово позитивен на корона вирусот

Редакција