еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Коалициските партнери на средба за влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата

Во седиштето на владејачката СДСМ во тек е средба со коалициските партнери на која се разговара можноста за евентуално проширување на владината коалиција. во контекст на постигнување парламентарно мнозинство за уставни измени.

Разговорите ги води генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, а меѓу присутните се и лидерите на НСДП, ДОМ и на Демократски сојуз (ДС), Горан Мисовски, Маја Морачанин и Павле Трајанов.

На средбата не присуствува премиерот Димитар Ковачевски, кој беше на седница на Советот за безбедност во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Пред состанокот претседателката на ДОМ, Маја Морачаин изјави дека досега немале никаков разговор, ниту некои конкретни информации, освен ова што беше споделувано во медиумите.

-Сакам прво да ги слушнам информациите, што се планира, која е целта на евентуално зголемување на мнозинството, што тоа ќе значи и во однос на програмата и во однос на кадровските решенија, и се разбира она што е важно за ДОМ, ние сакаме да ги наметнеме прашањата и темите коишто се важни за нас да бидат реализирани, изјави Морачанин.

Лидерот на ДС, Павле Трајанов рече реконструкција на Влада ќе поддржат доколку се почитува амандман 6 од Уставот

– Ставот на ДС, и мојот став како претседател на партија е јасен. Влада, реконструкција на Влада ќе поддржиме доколку се почитува амандман 6 од Уставот. Тоа е соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта и во другите институции. Доколку се отстапува тоа начело, тогаш нема да поддржиме реконструкција на Владата, изјави Трајанов.

Претходно денеска дел од коалициските партии од власта за МИА потврдија дека премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ.

Ковачевски денеска порано во изјава за новинарите рече дека разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери во однос на, како што вели, темите што се значајни за работењето на Владата, а се од интерес за граѓаните, како што е продолжувањето на европскиот пат на земјата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските ученици кои ги погоди земјотресот во Турција утре тргнуваат за Скопје

Редакција

Поднесе оставка и „падна“ болна: Катица Јанева на боледување од 16 јули

Редакција

Од невладината на Боки 13 велат дека не се измамници

Редакција