еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија испраќа воен корпус на границата со Финска, земјата размислува за влез во НАТО без Шведска

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто изјави дека Хелсинки мора да размисли за влез во НАТО без Шведска, откако Турција соопшти дека нема да го поддржи влезот на Шведска во Алијансата.

Турција е лута по протестот пред турската Амбасада во Стокхолм каде, меѓу другото, беше запален куран.

Хависто сепак додаде дека заедничкиот пристап е првата опција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Шведска да не очекува поддршка од Турција за влез во НАТО

Герасимов: Еден корпус оди на границата со Финска

Новата руска воена реформа е одговор на можноста за проширување на НАТО и „колективниот Запад“ да ја искористи Украина во хибридна војна против Русија, изјави новоименуваниот началник на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов во своето прво јавно обраќање.

„Путин ја одобри воената реформа во средината на јануари и таа може да се прилагоди за да одговори на заканите за руската безбедност“, изјави Герасимов за порталот „Аргументи и факти“.

„Денес тие закани ја вклучуваат желбата на НАТО да се прошири во Финска и Шведска, како и користењето на Украина како средство за водење хибридна војна против нашата земја“, рече Герасимов, кој беше назначен на 11 јануари.

Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО минатата година, по руската инвазија на Украина.

Според новиот воен план на Москва, еден корпус ќе биде испратен во Карелија, република во северозападна Русија која граничи со Финска, формирајќи два воени окрузи, Москва и Ленинград, кои постоеле пред да се спојат во 2010 година за да станат дел од Западниот воен округ.

Во Украина, како што е наведено, ќе бидат испратени уште три моторизирани дивизии, кои ќе бидат дел од комбинираните воени формации во регионите Херсон и Запорожје.

„Главната цел е да се обезбеди заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја“, рече Герасимов, додавајќи дека модерна Русија никогаш не била сведок на таков „интензитет на воени непријателства“, што ја принудува на офанзивни операции за стабилизирање на ситуацијата.

„Денес нашата земја и нејзините вооружени сили дејствуваат против целиот колектив на Западот“, рече тој.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинуваат горивата

Редакција

(Видео) Далмација отсечена поради снежно невреме, се извлекуваат заглавени, отворени прифатни центри

Редакција

(ВИДЕО) Рекорд на Бијонсе на Греми наградите

Редакција