еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Секој граѓанин во државата ќе добие електронски идентитет

Владата на денешната 121. седница ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување план за воспоставување национален електронски идентитет за секој граѓанин.

Планот беше разгледан и прифатен, заедно со тој за реализација.

– Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата, така и надвор од неа – земјите од Западен Балкан и Европската Унија, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подзаборавено интервју: Киро Глигоров за спорот за името

Редакција

Полицијата го ослободи приведениот за дојавите за бомби во скопските училишта

Редакција

Едно починато лице од Ковид-19, вкупната бројка 9.221

Редакција