еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Радев на Денот на сеќавање на Холокаустот ги “заборави“ 7.144 македонски Евреи кои Бугарија ги депортираше во Треблинка

Бугарскиот претседател Румен Радев и на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, кој се одбележуваше вчера, ја манипулираше бугарската и светската јавност.

На својот Твитер профил напиша дека “во мрачните години на Втората светска војна, Бугарија не дозволи ниту еден нејзин граѓанин од еврејско потекло да биде испратен во логорите на смртта“, што е спорно според бројни светски историчари, а „заборави“ и да спомне дека Бугарија која ја окупираше Македонија во Втората светска војна во март 1943 година во логорот на смртта Треблинка депортираше 7.144 македонски Евреи, по наредба на бугарскиот цар Борис, чие име го “краси“ т.н. бугарски културен клуб во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскиот канцелар Шолц потсети на одговорноста на Германија за убиството на милиони Евреи на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

„Царот соопшти дека досега дал согласност за депортација на Евреите од Македонија и Тракија“, се вели во телеграма на тогашниот германски министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

Неговиот твит предизвика лавина од негативни реакции кај македонските твитерџии:

Но и бројни негативни коментари, кај бугарските твитерџии, кои ја потенцираат неговата наклонетост кон рускиот претседател Владимир Путин и го обвинуваат дека не прави ништо за страдањата на Украинците и Бугарите во Украина.

Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс со драстичен пад на добивката во третиот квартал

Редакција

(ВИДЕО) Славче Таневски, македонскиот дизајнер за автомобили, премиерно во Женева го претстави своето ново дело

Редакција

Никола Кимовски е нов в.д. директор на Македонски народен театар

Редакција