Бројчаникот поставен на Порта Македонија е донација на премиерот Зоран Заев, а како што велат од Владата за еМагазин, тој чинел 7.000 евра.
На денешната прес конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, рече дека се запазени сите процедури и постапките при поставувањето на бројчаникот.
Заев како граѓанин на Република Македонија упатил барање за согласност за поставување на електронски екран и оти истиот е набавен лично од него.
“Се разбира дека имало постапка, процедура и документацијата е комплетна од доставувањето на барањето, одобрувањето и поставувањето. Како што е веќе информирана јавноста, ќе бидат објавувани финансиските средства кои ќе бидат враќани во Буџетот на Република Македонија, од судските процеси кои се во тек“, рече Бошњаковски.