Дваесет и шестгодишно момче утринава е пронајдено мртво во када во делчевското село Стамер.
Информацијата ја потврдија од СВР Штип, од каде информираа дека по насока на обвинител неговото тело без траги на насилство е предадено на обдукција.
Смртта кај дваесет и шестгодишникот ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Делчево која се упатила кон неговиот дом веднаш по добивањето повик од роднина на несреќното момче.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.