еМагазин
Македонија

Уапсено едно лице за убиството на жената во село Велгошти

Вчера во 16,37 часот во Полициската станица Охрид пријавено е казнено дело „убиство“ извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти, информираат од МВР.

На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.

По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Медиумите објавија дека таа е мајка на две малолетни деца и била пронајдена мртва со најлонска вреќа врз главата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР се поднови со нови пловни објекти

Редакција

МВР: Голема полициска акција во кумановската населба Диво Насеље

Редакција

Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата

Редакција