еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Вандализам и криминал не се европски вредности“: Пендаровски го осуди каменувањето на клубот во Благоевград

Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на „Македонски културен клуб – Никола Вапцаров“ во Благоевград во Бугарија, наведува претседателот Стево Пендаровски во реакција на најновите случувања во македонско-бугарските односи поврзани со настаните и изјавите од овој викенд.

– Вандализам и криминал од овој вид не се европски вредности и потребна е осуда, а се разбира и откривање и соодветни казни за сторителите на овој чин, се додава во реакцијата во врска со синоќешното кршење на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.

Истовремено, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски изразува жалење за инцидентите на македонската граница предизвикани од страна на група граѓани на Бугарија предводени од пратеници во нивниот Парламент.

– Изразувам жалење што не сведочиме и на осуда за нападите насочени кон македонските полицајци и кон македонските институции, потенцира Пендаровски.

Претседателот на Републиката воедно на припадниците на полицијата и надлежните органи им честита за достоинството и професионализмот при справувањето со агресивните вандали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски за европратеникот Јорданов: Најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи, очекувам реакција на Софија

Видео од инцидентот на Бугарите со полицајците на Деве Баир

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста, за влез во земјата дополнително ќе се одлучува

Редакција

Не чека поблага зима со зачестени магли што оди во прилог на Ковид-19

Редакција

Грчки навивачи дивеаа во центарот на Скопје: Краделе по продавници, физички напаѓале минувачи

Редакција