еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во моментов сме во состојба на вето за Македонија, ќе побарам мониторинг од ЕУ за правата на македонските Бугари, најави Радев

„Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, одговорајќи на новинарско прашање за последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје и дали Бугарија планира ново вето.

Темата за Македонија не е на дневен ред на советот, но Радев вели дека ќе ја иницира.

– Ќе ја искористам можноста да го покренам прашањето за зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Северна Македонија, што веќе води до престапи од омраза – подметнување пожар, пукање во нашите културни клубови, физичко насилство врз македонски Бугари и бугарски државјани.

Ќе ги повикам моите колеги на поголема солидарност и ангажираност. Со истата енергија како што бараат од нас забрзување на процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари, изјави Радев.

Софија, како што посочи, морала со две последователни вета за Скопје да им го објасни на европските партнери проблемот со правата на Бугарите во Македонија.

Тој очекува категорична институционална реакција од македонските власти за откривање на санкционирање на сторителите, но вели дека во моментов не гледа таква политичка волја во Скопје, а тоа, според него, само ги продолжува проблемите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема пријава, бугарските службеници кои го вандализираа македонскиот клуб пуштени од притвор, инцијатор била една од сопругите

Никој во Бугарија не го осуди демолирањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“

Вработени во општинско претпријатие со сопругите го вандализирале македонскиот клуб, градоначалникот на Благоевград нема да ги казни

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради заболени од Ковид-19 се одлагаат судењата за несреќата кај Ласкарци и „Тортура“

Редакција

Се уште сме му потребни на Леонид, лечењето продолжува, потребни се средства

Редакција

Болниците „крцаат“, пациенти со Ковид-19 сместени и во модуларната болница од Инфективна клиника

Редакција