еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новата црква Св.Кирил и Методиј во Дортмунд, ќе биде осветена на 30 април

По завршување на короната, новата црквата Св.Кирил и Методиј во Дортмунд интензивно продолжи да се гради, а последните две години како резултат на многу градежни зафати, црквата полека блеснува во својот сјај, информира за еМагазин, парохискиот свештеник Душко Пецов.

„Голем е Бог во своите дела. Голема е љубовта на целиот верен народ кој постојано е дел од нас преку светите богослужби и преку даренија-помош овозможи да се заврши изградбата.

Ние сме верен македонки народ надвор од Македонија не само по збор, туку и по дела. Донесовме мермер од Македонија за подот, за секој кој ќе влезе на молитва да стои на македонско тло и да вознесува молитви.

Дел од фреските се изработени од македонски зограф Славица Михаилова. Македонско дрво преку рацете на Јане Крстески со неговата дружина е преточено во олтар и донесено и монтирано тука во Дортмунд.

Парното е поставено од македонски мајстори. И прекрасниот мермер со сонцето од Кутлеш изработено од Горан Павлов и неговите другари.

Црковната управа мудро и организирано целосно се вложи во изградбата на овој објект и постојано допринесуваат за развој.

Остануваат уште мали детали за припрема и освет кој е планиран на 30 април 2023 година,“ вели Пецов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потребни се донации за осветување на црквата Св.Кирил и Методиј во Дортмунд

(Фото) Почна да се гради нова македонска црква во Дортмунд „Св.Кирил и Методиј“

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд изградена за четири месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Диви и среќни“, прва акциона комедија на Балканот од холивудски размери

Редакција

(Видео) “Богородице Дево” во изведба на Сузана Спасовска и црковниот клирос „Пелагонитиса“

Редакција

Наместо „Фестивал на пити и вино“ во Велес – пошумување и опрема за пожарникарите

Редакција