еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Koja e Вјолца Бериша, кандидат за заменик министер за земјоделство на Алијанса за Албанците

Вјолца Бериша е кандидат за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Алијанса за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри

Образование

Има завршено додипломски студии по книжевност на Универзитетот во Тетово (2006 година), магистерски студии по книжевност исто така на Универзитетот во Тетово (2010 година) и е докторат по книжевност на Универзитетот во Тирана, 2021 година.

Работно искуство и политичка кариера

Вјолца Бериша е професорка на Филозофскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, со 17 години искуство во академскиот свет и 14 години активен ангажман во политиката.

Од 2006 година е професорка на Државниот универзитет во Тетово, на Катедрата за албански јазик и книжевност.

Претходно била раководител и главен уредник во издавачката куќа “SYTH„ (2017 година) и уредник во издавачката куќа „Албас“ во Тетово (2002-2007 година).

Таа е генерален секретар на Алијанса за Албанците и претседателка на Женското собрание во Алијансата за Албанците (од 2021 година).

Била и општински советник во Општина Тетово (2009-2017 година).

Во моментов е член на раководството на Алијансата за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го советувал и Груевски: Кој е Азир Алиу, кандидатот за министер за информатичко општество и јавна администрација на Алијанса за Албанците

Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците

Му бил советник на Таравари: Кој е Фатмир Меџити, кандидатот за министер за здравство на Алијанса за Албанците

Фото: Бериша/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД ни дадоа нови 4,3 милиони долари за владеење на правото

Редакција

Нови дојави за бомби во две училишта во Скопје

Редакција

Уапсено 21-годишно момче од Скопје за насилство врз навивачи на софиски ФК Левски

Редакција