еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Службени возила во Министерството за екологија се употребувале спротивно на Правилникот, велат од Антикорупциска

Службени возила во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) не се употребувале согласно со Правилникот за користење службени возила, утврдила Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

На денешната, 82-ра седница, од ДКСК посочија дека по пријава од познат подносител од МЖСПП, во врска со „недомаќинско работење“ при користењето на службените возила, побарале од министерството да се изготви внатрешна ревизија, при што било утврдено дека не биле во можност да констатираат дали возилата се употребени согласно со Правилникот за користење на службените возила.

– Во извештајот се наведува дека не биле во можност да констатираат дали колите се употребени согласно со Правилникот за користење на службени возила во министерството и не можеле да констатираат дека налозите за патување се правилно употребени, информираше антикорупционерот Шемши Салаи, кој додаде дека „сите овие возила и другите ресурси што ги имаат на располагање во ова министерство се недомаќински искористени“.

Салаи информираше дека Комисијата ќе достави предлог до вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, за, како што рече „да се преиспита работата“.

– Со оглед на тоа што не може да се утврди одговорност, бидејќи министерот не е повеќе министер, овој предлог ќе го доставиме со цел да имаат сознание за начинот на кој се управува со средствата од граѓаните на Република Северна Македонија, рече тој.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, реагираат од Амбасадата на Русија

Редакција

Бензините поскапуваат за два, а дизелот за денар ипол

Редакција

Меѓу нив и Фатиме Фетаи: На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени тројца кандидати

Редакција