еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Mини ремонтот на Блок 2 во РЕК Битола

Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2. Како што информираат од компанијата, мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели, период во кој се планирани повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.

– Блок 2 до исклучувањето синоќа во 2:00 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 мегават часови електрична енергија што претставува рекорд во последните осум години.

Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка, велат од РЕК Битола.

Нагласуваат дека во АД ЕСМ согласно планот за производство продолжуваат со работа сите останати капацитети и додаваат дека потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска: Партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ го организирал насилниот упад во Собрание

Редакција

Радев повика ветото за Македонија да остане додека да се формира ново парламентарно мнозинство

Редакција

Тројца наши државјани се помеѓу патниците на бродот кој е задржан во Јапонија, а на кој има 20 заболени од корона вирус

Редакција