еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се петте највисоки нето плати во декември

Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесувала 34.364 денари.

Според ДЗС, највисоката просечна нето-плата во декември лани е во секторот Воздухопловен транспорт – 94.537 денари.

По подолг период на второ место падна секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 88.192 денари, следи Дејности за издавање под закуп (лизинг), 78.405 денари, па Складирање и помошни дејности во превоз, 65.224 денари и Останати стручни,научни и технички дејности, 56.664 денари.

Исто така по подолго време во највисоките пет просечни нето-плати, ги нема секторите од областа на фармација, телекомуникации, осигурување…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Највисоката просечна бруто плата во декември изнесува 139.274 денари

Нето платата во декември 34.364 денари

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Цементарница Усје“ ја зголеми добивката

Редакција

Убиениот во нападот врз телевизијата Топ чанел бил татко на три деца, полицијата приведе две лица

Редакција

Како му бил спасен животот на Кемал Ататурк во кавадаречко Дабниште

Редакција