еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почнува судењето за нападот врз Пендиков

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште против напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица.

Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.

Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство предложи одземање на пасошот за вториот напаѓач на Пендиков

Охридската полиција го приведе вториот од напаѓачите на Пендиков

Напаѓачот на Пендиков излезе од притвор, остана без пасошот

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија губи медицински кадар и специјалисти, граѓаните плаќаат една третина од здравствените услуги без да бидат рефундирани, стои во Извештајот на ЕК

Редакција

Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт, порача претседателот Радев

Редакција

Малата Риниса се роди по втор пат во клиничката болница „Жан Митрев“

Редакција