Собранието вчера во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана, Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Абдулшуќур Абедини и за образование и наука, Љуљзим Алиу.
Во Собранието денеска треба да продолжи седницата со дебата по четвртата точка на дневниот ред – Предлог за именување на заменици министри во Владата.
Пратениците треба да ја продолжат започнатата расправа за избор на замениците министри: за одбрана Тирон Јајага, за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Вјолца Бериша, за здравство, Маја Манолева и за образование и наука, Агим Нухиу.
Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Башким Асани, разрешениот заменик министер за одбрана