еМагазин
Image default
Македонија

Османи именуван за координатор на чаирскиот огранокот на ДУИ, за Меџити одлуката е смешна и нелегитимна

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби преку својот Фејсбук профил упати честитка до шефот на дипломатијата Бујар Османи за именувањето за „координатор на чаирскиот огранокот на партијата“.

Груби во честитката посочува дека Османи ја има неговата поддршка во напорите за повторно активирање на структурите во Чаир.

– На Бујар му посакувам успешна работа во координирањето на активностите на Демократската унија за интеграција во Чаир. Покрај онаа на претседателот, Бујар ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурите во Чаир по три години недостиг на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во рамки на огранокот. Ве повикувам сите да се придружите со сите ваши идеи и акции за посилна и пообединета ДУИ во Чаир, вели Груби во честитката.

Според дел од медиумите, на предлог на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Османи викендов бил именуван за координатор на чаирскиот огранокот на партијата, чиј претседател е пратеникот и партиски потпретседател Изет Меџити, со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

Меџити, кој е еден од најистакнатите членови на т.н. „Огнена група“ во партијата, во изјава за МИА вчера коментирајќи ги информациите дека на негово место како „координатор на ДУИ за Чаир“ е именуван Османи, вели дека таквата одлука е смешна и нелегитимна, бидејќи според Статутот на партијата не постои функција „координатор за политички процеси“ и за такво нешто не се дебатирало во ниту едно партиско тело.

– Сето ова е одраз или делување во паника, по големата поддршка од гласачите и граѓаните на нашите собири, секаде каде што сме биле, додава Меџити за МИА.

Според него, за т.н. „Огнена група“ е најбитно што се на иста линија со гласачите и структурите на Демократската унија за интеграција, што им дава мотив да веруваат дека се во право во однос на барањата за кои се залагаат.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена 254 случаи на Ковид-19, починале четири, а оздравеле 412 лица

Редакција

Продолжува распитот на Ахмети пред Меѓународниот суд за Косово

Редакција

Османи доставил нови документи до СЈО за да покаже дека работел законски

Редакција