еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Минатата недела едно починато лице од Ковид-19, регистрирани 172 нови случаи

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 27.02 до 05.03.2023 година покажуваат дека се регистрирани 172 нови позитивни случаи од 18 градови во државата, со зголемување од 8,9% во однос на минатата недела (n=158).

Процентот на позитивност се движи од 5,9% до 19,1%, просечно 10,4%.

-Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 122 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 17,3% повеќе во однос на минатата недела (n=104).

Во текот на минатата недела, пријавени се 59 реинфекции, за 18% повеќе во однос на претходната недела (n=50).

Пријавено е едно починато лице со датум на смрт во текот на последната недела (27.02- 05.03.2023), лицето е од Куманово, со коморбидитети и починато во болнички услови. Лицето е на возраст од 75 години, стои во извештајот на ИЈЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државното правобранителство вработува шест лица, плата до 28.068 денари

Редакција

Проф. Трајковски: Лекувањето со конвалесцентна плазма дава добри резултати кај некои болести, но не и во случајот на Kовид-19

Редакција

Италија поддржува одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Редакција