еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На „црната листа“ за санкции во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња, најави американската амбасадорка Агелер

Постојат повеќе видови на санкции што САД ги воведуваат. Овие листи се многу динамични, бидејќи корупцијата во своите многу форми се случува секој ден. Тоа бара време и истражување, за да се осигуриме дека нема да ставиме некој на листа, на која не припаѓа.

Верувам дека во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, одговарајќи на новинарски прашања за американската „црна лица“.

Агелер по денешната посета на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, посочи дека нема една листа, и дека постојат повеќе листи кои се прават и постојано ажурираат во Вашингтон.

– Овие листи се многу динамични. Тоа е постојан процес, бидејќи корупцијата во своите многу форми се случува секој ден. Има луѓе кои се вредни за разгледување, и бидејќи системот во Вашингтон е особено правно внимателен, бара време и бара истражување на наводните криминали, за да се осигуриме дека нема да ставиме некој на листа, на која не припаѓаат. Верувам дека во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи, изјави Агелер.

Според Агелер, тоа е процес што не завршува и нешто за што Амбасадата на САД е во постојан контакт со Вашингтон и ќе продолжи да работи секој ден.

– Постојат повеќе видови на санкции што САД ги воведуваат. Некои се финансиски, и може да бидат особено ефикасни, додека дел се поврзани со визи и други правни механизми, појасни Агелер.

Во Вашингтон, посочи Агелер, се разгледува сите можни форми и една личност може да се најде под повеќе категории на санкции.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест кој за 40 минути ќе покаже дали пациентот има Ковид-19 или друг вирус

Редакција

Почесниот конзул на Малта во Македонија, Анѓушев го честита Денот на републиката

Редакција

Одложено судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се чека обвинението за Палевски

Редакција