еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лила Филиповска го победи ракот на дојката и за првпат проговори за својата битка

Во интервју за највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“, водителката Лила Филиповска за првпат проговори за својата битка со ракот на дојката.

-Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа, вели таа.

Кога ја слушнала дијагнозата била во тотален шок.

-Можеби и ќе вриснев, но останав без глас. Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници. Ми поминуваа разни мисли, но, за среќа, тоа траеше кратко.

Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам? Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно. Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна!, вели таа меѓудругото во интервјуто за „Убавина и здравје„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Лила Филиповска се крсти во водите на светата река Јордан: “Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог„

(Фото) „Претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден“: Лила блесна во бел фустан за роденденот

Фото: Фејсбук/Филиповска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан

Редакција

Ќе го „подбере“ ли некој конечно поглаварот на ИВЗ, Реџепи за континуирано јавно ширење омраза

Редакција

(Видео) Невреме поплави делови од Скопје, „река“ во близина на Бит пазар

Редакција