Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и тивко со максимална температура до 14 степени.
Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има в среда, кои на места ќе бидат пообилни и поројни.
Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а в петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.