Ексклузивно за Канал 5 со емотивни сведоштва и апел за помош за да се најде Самоил Костадиновски, се огласија неговата сопруга и татко.
По Костадиновски, кој е внук на Љубе Бошковски, се трага повеќе од 10 дена, а од него нема ни трага, ни глас, а две лица се во притвор.
Неговата сопруга низ солзи вели дека се моли да го пронајдат жив и дека живее во страв како ќе ги расте децата без татко. Таа и Самоил веќе имаат едно тригодишно дете, а моментално е бремена и со второто.
Велат дека ниту пиел, ниту користел дрога. Бил спортист кој освојувал награди. За причината за киднапирањето немаат информација, но таткото има сомнеж дека во прашање се пари.
Семејството испраќа и молба до граѓаните да им помогнат со било каква информација за да го најдат.
„На трети март се губи секоја трага од нашиот Самоил. Индициите наведуваат дека е киднапирање, а не самоволно исчезнување. Не загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг.
Колата во која е изведено киднамиеањето после три дена е најдена запалена во атар на село Драчево. Полицијата изјави дека се во притвор двајца од учесниците, но се што е направено до сега не дојде до пронаоѓање на Самоил, вели сопругата за Канал5.
Таа вели дека нејзиниот сопруг немал никакви проблеми до сега.
-Тој е спортист, не конзумирал наркотични средства, не пуши, не пие, има добиено златни медали во кик бокс. Ова е шок за целото семејство, ова само на филм го има. Како ќе ги растам децата без татко. Молба до сите луѓе да ни се помогне да го пронајдеме Самоил доколку е се уште жив, се молиме да е жив, бидејќи немаме ни трага ни глас од него, вели таа.
Таткото на Самоил се сомнева дека зад киднапирањето стојат нарко-зависници.
-Нашиот син исчезна на трети, киднапиран е во Припор и од тој момент не знаеме каде е и што е, немаме никакво сознание. Благодарни сме на полицијата на министерот, но нема информација до каде е работата, како врви истрагата. Ми се чини дека е киднапиран, може да имал износ во себе, сума на пари, а тие што го киднапирале, најверојатно биле зависници на крек, амфетамини, вели таткото за Канал 5.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица уапсени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, Обвинителството побара притвор
Фото: Канал 5/Фејсбук/Костадиновски