еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство бара продолжување на притворот за двајцата уапсени за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело „грабнување“.

Станува збор за случајот со „грабнувањето“ на внукот на Љубе Бошковски, Самоил Костадиновски.

-Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази, информираат од Јавното обвинителство (ЈО).

Од ЈО посочуваат дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица уапсени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, Обвинителството побара притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за работникот што си го уби газдата Холанѓанец

Редакција

Украина планирала воена интервенција во Донбас, тврди Русија

Редакција

Момчето кое усмрти пешак во Скопје немало возачка, го возел автомобилот на татко му

Редакција