„Еуросупер БС-95“ и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.
Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 81,5, а на дизелот 75,5 денари за литар. „Еуросупер БС – 98“ и понатаму ќе се продава за 85,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 76,5 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.