Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението културен центар „Иван Михајлов“-Битола, соопштија од Министерството за правда.
Како што се наведува, заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда, кој ќе треба да донесе одлука врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата.
-Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, стои во соопштението.
Комисијата заседавала во полн состав. Претседател на Комисијата е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, а нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.
Седницата на владината Комисија за употреба на имиња се одржа на последниот ден од рокот кога требаше да се произнесе и да достави став до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на здружението „Иван Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот за правда Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов
Одбиено барањето на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ за усогласување со законските измени