еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонија ги стартуваше квалификациите за Еуро 2024 со победа над Малта

Победа со 2:1 над Малта и посакувани три бода за македонската фудбалска репрезентација на стартот во квалификациите за Европското првенство 2024. Ова е епилогот по синоќешниот натпревар одигран на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Стрелец на првиот гол беше Елиф Елмас во 66. минута, Дарко Чурлинов во 72. минута зголеми на 2:0. За гостите погоди Јанкам Јаник во 86. минута.

Во 60. минута беше покажан пенал за „црвено-жолтите“, но по интервенција на ВАР, судијата ја поништи својата првична одлука и му покажа жолт картон на Бојан Миовски за симулирање.

На вториот дуел од 1. коло во Ц-групата, Италија дома загуби од Англија со 1:2.

Слободна во ова коло беше репрезентацијата на Украина.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој во судиското надополнување доби црвен картон поради приговор кон судиите, во второто коло ќе бидат слободни. Терминот в понеделник вечер ќе го искористат за контролен натпревар со Фарски Острови.

МИА/Фото: Фејсбук/Фудбалска репрезентација на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има фрустрации, ЕУ да смогне сили да го стави проширувањето како приоритет, порача Ковачевски од Блед

Редакција

Груевски избегал од Македонија преку див премин

Редакција

Убава вест: За три дена 184 оздравени од Ковид-19

Редакција