еМагазин
Image default
Македонија

Ќе биде распишан оглас за избор на 31 судија низ 13 основни судови од внатрешноста

Судскиот совет на денешната 436-та седница донесе одлука за избор на вкупно 31 судија низ повеќе основни судови низ внатрешноста на државата, без Скопје.

Па така, 30 кандидати од седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители ќе може да конкурираат за шест судии во Основниот суд Прилеп, четири во ОС Струга, по три во ОС Битола и ОС Кичево, по две во ОС Крушево, ОС Охрид, ОС Тетово, ОС Делчево, ОС Радовиш и ОС Берово, како и за по едно место во ОС Куманово, ОС Струмица и ОС Свети Николе.

Одлуката за распишување на огласот беше донесена со 8 гласа за и четири против, откако претходно, исто така, по пат на гласање, Советот одлучи огласот да се распише само за внатрешноста.

Членовите на Судскиот совет во најголем дел од денешната дебата по точката за донесување на одлука за објавување огласи за избор на судии во основните судови низ земјава, полемизираа за тоа дали да се распише оглас за сите судови согласно потребите или да се изостават за Скопје, каде е најголем интересот, а да се распишат огласи за судии во судовите од внатрешноста каде има помал интерес и состојбата е поалармантна.

Дел од членовите на Советот, аргументираа дека можеби треба да се размислува стратешки, па додека не се направи нова судска мрежа (што не зависи од нив), да ги зајакнат судовите со проширена надлежност, од каде потоа со делегирање ќе се упатуваат судии во основните судови каде нема интерес од кандидатите, а состојбата е алармантна.

Други, пак посочија дека судовите не постојат за судиите, туку судовите постојат за потребите на граѓаните, а состојбата е алармантна речиси низ сите судови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Побаран притвор за скопјанецот кој се судри со возилото кое падна во Лепенец по што се удави фамилија од Косово

Редакција

Дерковски: Ќе направиме максимални напори да обезбедиме соодветна заштита на сите кои ќе учествуваат на изборите

Редакција

Четворица новозаразени, еден оздравен и еден починат од Ковид-19 во Кичево

Редакција