еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И бугарското здружение “Цар Борис III“ доби забрана, министерот Лога го потпиша решението

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари, “Цар Борис III Охрид“, соопшти попладнево Министерството за правда.

Од Министерството за правда укажуваат дека постапуваат согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата за имиња на личности и најавуваат дека Решението ќе се достави до Централен регистар за понатамошно постапување.

Министерството за правда посочува дека Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека евентуалното именување  на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

– Во образложението Комисијата наведува дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, наведува Министерството за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативно мислење и за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 25 припадници на КФОР повредени во судирите во северно Косово

Редакција

Османи не е сигурен за датум во јуни, има разлика кај членките на ЕУ што да стои во преговарачката рамка

Редакција

Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“: Организаторите предвидуваат најквалитетна музичка понуда досега

Редакција