еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пациентите со цистична фиброза ќе бидат вклучени во работната група за лекот Трикафта, велат од Министерството за здравство

Во Министерството за здравство (МЗ) денес беа примени на разговор претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти со цистична фиброза и родители на деца со цистична фиброза, информираат од таму.

„Целта на дискусијата беше запознавање со процесот со кој М3 веќе активно работи на изнаоѓање сеопфатно решение за овие пациенти. За таа цел е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот.

Претставници од асоцијацијата, исто така, ќе бидат повикани и на состанок со работната група за директно да бидат вклучени и запознаени со предизвиците и чекорите потребни за да се стигне до решение за оваа ранлива категорија,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден месец откако се донесоа законските измени, нема прогрес во набавката на Трикафта, велат од Асоцијација за цистична фиброза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Николовски поднесе оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ

Редакција

Дизелот певтинува за 2,5, а бензините за половина денар

Редакција

Како и Заев и Пендаровски нема ни куќа, ни стан: Каков имот пријавил новиот претседател на државата

Редакција