Четири млади актерки засукаа ракави и мошне решително истапија на музичката сцената.
Актерките Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви во четврток 13. април во Public Room организираат невиден диско перформанс, кој е една фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке, каде публиката не престанува да игра, се смее и забавува.
Младите актерки имаат направено досега невиден спој на театарска глума и музичко сценски настап преместувајќи го вешто тежиштето на забавата од театарски перформанс кон музичко забавен.
Несомнено е дека актерките се подготвиле за овој проект, но и нивните вокални можности се на ниво на врвни вокалисти, а нивото на изведба е на добро извежбана театарска претстава.
При осмислување на проектот актерки си го поставија прашањето, „Како девојки родени во 90-те би ја внеле скопската публика во Диско ерата на 70-те и 80-те?“ Актерки со своите извонредни перформанси успејаа многу вешто да го осмислат целиот двочасовeн програм со цел публика да заминe од Public Room срeќна, весела и со желба за повторно видување.
Со овој пионерски проект независните актерки истапуваат на слободниот пазар-јавноста, по моделот на „Broadway Theater”, каде успехот е гарантиран исклучиво доколку персормансот е прифатен од публиката и се бараат повеќе настапи. Ова е вистинската рецепта за окрупнување на независната културна сцена, за кое многу институции говорат а малку реализираат.
Билетите за настанот се купуваат на лице место.
Почеток на настанот е од 21 часот а од Public Room велат дека „Girls Night“ нуди незаборавна забава за сите љубители на добра музика и добар перформанс.
Стилист на целиот проект е Сашка Павловска, а продукцијата е на Јавна соба.
Промотивна објава