еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Никола Димитров се враќа во политика

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров ги потврди шпекулациите кои се присутни подолго време, дека ќе се врати во политиката.

За ТВ 21, Димитров изјави дека тој не престанал да биде активен во политиката по напуштањето на функцијата и најави дека наскоро ќе обзнани враќање на сцената преку граѓанско движење или политичка партија со која би настапил на следните избори.

„Јас долго време јавно зборувам дека не сум престанал да бидам активен. Сум работел со речиси сите и со сите сум се разишол и мислам дека тоа е здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и не се оди по вистинскиот пат, многу е поздраво да се држи до своето убедување и совест отколку да вика магарето лета …

Јас во блиска иднина ќе обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам, така што не би можел сега тој план да го обзнанам. Тоа што можам да го кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата, дека тој проблем нема да ни го реши друг – може да ни помагаат нашите пријатели и од Брисел и од Вашингтон, дека политичките партии нема да се разбудат и да кажат ’малку претеравме, можеби треба поинаку сега, подобро и на друг начин да ја водиме политиката‘. Граѓанството ќе мора да ги натера тоа да го прават“, рече Димитров, кој не откри дали со него ќе има и други лица кои и се познати на јавноста.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис пак се закани: Ако не се задоволат грчките позиции, нема отворање ни затворање на поглавјата за членство на Скопје во ЕУ

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Во спорот со Софија да не се преземаат чекори спротивни на Резолуцијата на Собранието

Редакција

(Видео) Нов сингл на Just RB & Nikifor, „A mami jo“

Редакција