еМагазин
Image default
Македонија

Над 100 полициски службеници на ФРОНТЕКС ќе бидат распоредени на границата со Грција

Во Регионалниот центар за гранични работи Југ во Кавадарци, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска им посака добредојде и го поздрави присуството и официјално започнување на Заедничката операција „Северна Македонија 2023“ на службениците на ФРОНТЕКС кои ќе бидат распоредени на границата кон Република Грција.

Заедничката операција е предвидена да трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, во прибирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можни ризици и закани, јакнење на оперативната соработка и поддршка  на оперативните капацитети.– Очекуваме истата да придонесе за поефикасно справување со прекуграничниот криминал, вклучително и криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и тероризмот како глобални предизвици.  Заедништвото на оваа операција  се согледува и преку вложување во персонал и опрема за да обезбедиме поголема безбедност, информираа од МВР.

Планирано е во текот на 2023 година ФРОНТЕКС да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема на македонско-грчката граница со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности вдолж границата, притоа почитувањето и заштитата на основните права на секое лице засегнато од операциите на ФРОНТЕКС е во центарот на активностите на агенцијата.

Во рамки на посетата на министерот Спасовски беше организиран и Првиот оперативен брифинг за припадниците на ФРОНТЕКС во заедничка координација на  ФРОНТЕКС, Одделот за гранични работи и миграции и Регионалниот центар за гранични работи Југ, со што и официјално започнува Заедничката операција.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не се сретнал со американскиот амбасадор во Грција на Халкидики

Редакција

Одоложено судењето за „Топлик“ на СЈО

Редакција

450 цивили од Авганистан доаѓаат во Македонија до крајот на неделава

Редакција