еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Денеска почнува „Самит Македонија 2025“

Во следните два дена во Скопје ќе се одржува „Самит Македонија 2025“. Официјалното отворање на Самитот е денеска, а на учесниците ќе им се обратат премиерот Димитар Ковачевски и извршната директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска-Блажевска.

Фокусот на годинaшниот Самит е просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство.

На 12-тото издание на овој престижен регионален настан, во вкупно 13 панели со актуелни теми, своите богати искуства и знаења ќе ги споделат 40-тина врвни говорници.

На затворањето на Самитот, како што е најавено, ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Самитот Македонија 2025“ е врвен регионален собир кој служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организациите и инспирација за промени во Југоисточна Европа.

Секоја година на Самитот присуствуваат креатори на политики, лидери на компании кои работат во регионот, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и претставници на академската и на граѓанската заедница.

МИА/Фото: Архива Македонија 2025

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија активни 11 пожари, а шест се под контрола

Редакција

Бугарската војска овде беше окупатор, вели Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од Комисијата со Бугарија

Редакција

43-годишен Србин најден мртов во изнајмен објект во скопска Кисела Вода

Редакција