еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Самит Македонија 2025: Просперитетна економија преку стратешко лидерство, зајакната соработка и примерна на нови технологии

Зајакната соработка и силно приватно – јавно партнерство во насока на градење на просперитетни економии преку дигитализација, стратешко лидерство и успешна општествена трансформација е централна тема на годинешниот Самит Македонија 2025, што започна денес, а ќе трае и во текот на утрешниот ден.

На самитот кој годинава се одржува по 12-ти пат, над 40 говорници ќе зборуваат пред повеќе од 500 гости.

Извршната директорка на Македонија 2025, Никица Моjсоска Блажевски, во своето обраќање на отворањето на Самитот, потсети за улогата и мисијата на организацијата.

„Наша главна заложба уште од основањето на Македонија 2025 е поддршка на напредокот на земјата, преку вклучување на македонската дијаспора во актуелните случувања во земјата во насока на градење на силна и просперитетна нација.

Сите ние имаме одговорност пред нашите семејства и идните генерации да обезбедиме подобра и попросперитетна иднина, повисок животен стандард и квалитет на живот.

Во таа насока ние се стремиме преку нашите активности да ги обединиме сите засегнати страни, да ги усогласиме клучните приоритети и да работиме кон постигнување на целите. Искрено верувам дека Македонија 2025 преку своите активности и програми, вклучително и Самитот ќе придонесе кон развој на земјата,“ рече Моjсоска Блажевски.

Од своето основање досега Македонија 2025 има имплементирано програми за економски развој со вкупна вредност од 3,6 милиони долари. Во секторите образование и лидерство досега се донирани 1,7 милиони долари, а во овие програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти.

На отворањето на Самитот се обрати и премиерот Димитар Ковачевски кој ја истакна важноста на приватниот сектор за развојот на економијата. Ковачевски зборуваше и за економските реформи, инвестициите и предизвиците со кои се соочува земјата.

Мајк Зафировски, еден од основачите и член на Одборот на директори на Македонија 2025 на Македонија2025 разговараше со Роберт Доар, директор на Американскиот институт за претпријатија (АИП) на тема долгорочен економски развој, улогата на „тинк-тенк“ организациите во иницирање на економски реформи, како и најновата иницијатива на АИП наречена „Иницијатива за американски сон“.

Мајк Зафировски се осврна на наодите од извештајот на Светска банка за Западниот Балкан, потенцирајќи дека закрепнување на економиите може да се случи преку структурни реформи, отчетност на институциите, рационално трошење на јавните средства и вложување во дигитализацијата, што е можно преку поголема регионална соработка.

На првиот ден на Самитот беа опфатени актуелни теми значајни за бизнисите и граѓаните, како што се дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ЕСГ (environment, society, governance) стандардите, како и успешни приказни на компании од регионот.

Дел од Самитот Македонија 2025 е и доделувањето на првото признание за придонес на припадниците на дијаспората, кое се доделува под покровителство на претседателот, Стево Пендаровски.

Ова признание кое беше доделено вчера го добија Софи и Митре Кутановски, за нивната поддршка на млади таленти и студенти од Македонија во рамки на Фондацијата Атанас Близнаков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На ГАК почина 33-годишна пациентка, директорката Јовановска демантира дека и се пресечени црвата, наместо папочната врвка

Редакција

Владината одлука за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Редакција

Доктор Пановски: После втора доза на „АстраЗенека“ не се забележани несакани реакции

Редакција