еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ермонд Незири нов член на Советот на јавни обвинители

Скопскиот обвинител Ермонд Незири денеска е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава.

Како што информира Комисијата за спроведување на изборот на прес-конференција доцна попладнево, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат Расим Дреца се изјасниле 16. Комисијата утврди дека шест гласачки ливчиња се неважечки.

– -Констатирам дека кандидатот Ермонд Незири е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Со ова изборниот процес е завршен и на кандидатот ќе ми биде издадено решение после истекот на рокот за приговор, информира претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски.

Гласањето беше спроведено денеска на пет гласачки места во републичкото Јавно обвинителство и во четирите виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, при што од вкупно 159 јавни обвинители со право на глас, гласале 139, а 20 гласачки ливчиња останале не искористени.

Инаку, Незири беше кандидат и за претседател на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на изборите во ноември минатата година, кога за прв човек на ова Обвинителство беше избран Ислам Абази.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија не се откажува од рускиот гас, Киев обвинува дека европските земји ја финансираат војната против Украина

Редакција

Полицијата го спроведе во притвор Агим Исмаиловиќ, кој е обвинет во случајот „Монструм“

Редакција

Одржан првиот форум за Персонализирана медицина и геномско профилирање: Унапредување на персонализираната медицина во пракса

Редакција