еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска ќе биде промовирана „Солуција“ на Димитров

Денеска ќе биде промовиран Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“, чиј што претседател и коосновач е поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

На настанот е предвидено да говорат амбасадорот Филип Рикер, поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу и експертот за реформи и владеење на правото, Рајнхард Прибе.

На промоцијата, овие тројца говорници ќе дебатираат на панел – дискусијата со наслов „Македонскиот ден на мрмотот – излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизам”, а модератор е токму Димитров.

Според информациите на еМагазин, „Солуција“ не е поврзана со движењето на политичката сцена кое Димитров најави дека ќе го промовира во јавноста.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради низа неправилности вратен амбасадорот Сашко Тодоровски од Прага

Редакција

Стотици деца биле сексуално злоупотребувани во домови во Лондон

Редакција

Потребни се средства за лекување на Сашо Лазаровски од канцер на белите дробови

Редакција