На денешното рочиште, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај на Бетон АД Скопје поради неисплатените повеќе од осум плати како и два регреси за годишен одмор, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
-Работниците, храбро ја водеа борбата заедно со Синдикатот СГИП која го даде резултатот што го бараа, а со тоа се покажа дека работодавачите се моќни онолку колку што ќе им дозволат работниците.
По објавувањето на Решението од Судот, Синдикатот СГИП ќе обезбеди бесплатна правна помош за постапките за материјално обезбедување на работниците од страна на АВРМ, како и за пријавување на стечајните побарувања за плати и придонеси, како и други побарувања од работен однос, а за што Синдикатот СГИП ќе информира на 2 Мај.
Ги повикуваме овие работници да се приклучат на првомајскиот протест за да ги охрабрат и другите работници во борбата за нивните работнички права!
Овој случај да служи на сите работодавачи како потсетник дека нема да дозволиме никој да си игра со судбините на работниците!, велат од ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопски Бетон лани ја намалил загубата
Отворена предстечајна постапка за скопски Бетон