Во периодот од 01.01 до 31.03.2023 година Макпетрол АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 126,58 милиони денари, наспроти остварената во истиот период минатата година која изнесуваше 214,95 милиони денари, информира компанијата преку Македонската берза.
-Намалувањето на добивката по оданочување од 88,37 милиони денари или 41,11% е резултат на нестабилноста на цените на нафтата на светските берзи, како и на намалената вкупна продажба на енергенси од 4,88%.
Дополнително врз падот на добивката значајно влијае и покачувањето на платите на вработените со цел надминување на економската криза и подобрување на животниот стандард на вработените, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макпетрол“ повторно избран за најпосакуван работодавач